Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Прв поглед врз новата колекција на „Ејч енд Ем“ и „Мошино“

0

На купувачите деновиве им беше понуден првиот поглед на претстојната соработка на „Ејч енд Ем“ и „Мошино“ пред нејзиното лансирање следниот месец.

Џиџи Хадид се појавува во еден од првите кампањски снимки за колекцијата, блескајќи во фустан со кожен корсет и чизми над колена. Втората слика ги прикажува моделите Имаен Хамам, Виторија Черети, Рајан Фон Ромпеј, Стела Максвел и Со Јо Парк, кои позираат во богата соба, украсени со кожа, животински дезен и многу детали со златни синџири.

Фановите низ целиот свет веќе се очајни да се здобијат со овие парчиња.

Еден фан напиша: „Апсолутно прекрасно!“ Друг додава: „Едвај чекам!“.

Колекцијата, насловена „Ејч енд Ем“ [тв] „Мошино“, ќе биде достапна во продавниците и онлајн на 8-ми ноември.

За соработката, креативниот директор на Мошино, Џереми Скот дизајнираше нови парчиња за жени и мажи, како и целосен опсег на аксесоари и додатоци за кучиња.

Цените се очекува да се движат од 25 до 300 фунти – со што се далеку попристапни од креациите на Скот за Мошино.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com