Прва годинашна, зимска разгледница од Пелистер

0

 

Членовите на планинарскиот спортски клуб Копанки од Битола денес одржаа марш во должина од 30-тина километри, кој го започнаа од Ниже поле, преку Дебел Рид до Големо Езеро, па од таму до Орлови Бари, па на врвовите Муза, Скркови, Неолица се до село Лавци каде беше крајната одредница, објави порталот Bitolanews.

Според нивните зборови температурата во текот на целиот ден на Баба Планина била минусна околу -6, -7 степени целзиусови, имало и мали врнежи од снег кои како одминувал денот се зголемувале, а видливоста била намалена.

Реките на Пелистер повеќето се веќе замрзнати на површината, а Големо Езеро се уште не е замрзнато.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com