Првата подводна вила која што ќе ве остави без зборови

0

Првата подводна вила во светот се отвори на Малдиви, на островот Рангали.
Вилата „Мурака“ припаѓа на еден од познатите светски хотели. За една ноќ под вода, гостите ќе плаќаат 50 илјади американски долари, но и покрај нејзината висока цена, сопствениците се сигурни дека вилата ќе биде често посетувана.

Оваа прекрасна вила располага со два спрата. Дното се наоѓа на длабочина од пет метри, каде што има спална соба, дневна соба и бања. Ѕидовите на вилата се направени од стакло, што им дозволува на гостите да уживаат во шарениот морски свет на Индискиот Океан.

Вилата е изградена од компанија од Нов Зеланд – „Краун“, која што е специјализирана за аквариумска технологија. За да се направи ова ново светско чудо, потребно било 15 милиони американски долари.
Подводниот спрат е поврзан со горниот преку навојни скали. На горниот спрат има уште една спална соба, фитнес сала, дневна соба, кујна, бар, соба за безбедност, трпезарија и уште многу други простории.
Вилата „Мурака” е многу мала и може да прими најмногу девет гости.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com