По синоќешното пукање во Тетово: Се трага по десетина лица

0

Тетовската полиција официјално соопшти дека нема повредени во оружениот инцидент што синоќа нешто по 21 часот се случи на булеварот „Маршал Тито“ во центарот на Тетово. Полицијата, по добиени сознанија дека учествувале во престрелката привела три лица – Д.М.(43) од Лавце и Б.Д.(43) од Тетово, како и Џ.Р.(28) од Шипковица, а се трага по уште десетина лица.

Првичните информации од истрагата велат дека најпрвин започнала расправија помеѓу Д.М.(43) од Лавце  и Б.Д.(43) од Тетово од една страна со Н.М.(34) Тетово од друга страна во едно казино по што тие излегле на булеварот каде започнале и престрелка со огнено оружје, пиштоли и калашникови. Од куршумите биле оштетени три угостителски и продажни објекти, една балконска врата од стан и едно возило. Според очевици на настанот, дел од куршумите завршиле и во стаклото од излогот на ресторантот „Делфи“, но за среќа никој не бил повреден иако меѓу гостите настанала паника по што најголем дел од нив избегале од задниот влез.

Според досегашните неофицијални информации на самото место биле пронајдени повеќе чаури за пиштол и калашников калибар 9 и 7,62 милиметри, две возила и други траги што биле подигнати за вештачење.

Во првичните извештаи од пукотницата се спомнуваше дека учесник во настанот е и функционер од ДУИ, поранешен вработен на висока позиција во Управата за јавни приходи, но полицијата засега нема коментар на ова.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com