Појадокот не влијае врз телесната тежина, велат научниците

0

Повеќето од нас го слушнале советот што звучи контрадикторно: со прескокнување на појадокот може да се здебелите, бидејќи го успорува вашиот метаболизам и ве тера да јадете повеќе во текот на денот. Ако ви изгледа како глупост, можеби ќе бидете во право. Нема докази дека прескокнувањето на појадок предизвикува зголемување на телесната тежина според една нова студија објавена во „British Medical Journal“. Спротивно на популарното верување, истражувањата покажаа дека ако не јадете доручек, тоа нема да предизвика чувство на зголемен глад во попладневните часови или разлика во потрошувачката на енергија.

Научниците од Универзитетот Монаш во Мелбурн го анализирале односот на појадок со промена на телесната тежина и дневниот внес на енергија. Тие обезбедија податоци од 13 клинички испитувања спроведени во САД и Обединетото Кралство во текот на изминатите 28 години и откриле дека вкупниот дневен внес на енергија е поголем кај луѓето кои појадувале отколку кај тие кои не појадувале (во просек 260 калории), без оглед на тоа дали тие секојдневно појадуваат или не.

Тие, исто така, открија дека немало значајна разлика во активноста на метаболизмот помеѓу едното и другото. „Иако редовниот појадок може да има други важни ефекти, треба да се внимава кога препорачувате појадок за намалување на тежината, бидејќи може да има сосема поинаков ефект“, се вели во студијата. Но, тоа не значи дека треба да се прејадуваме јајца и сланина – научниците велат дека квалитетот на старите истражувања е прилично слаб, па заклучоците треба да се земат со претпазливост.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com