Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Почнува сезоната на врнежи

0

Од денес (сабота) па во текот на следните денови територијата на Македонија ќе се наоѓа под влијание на серија на влажни воздушни бранови кој ќе бидат предизвикани од зимскиот циклон, ова ќе услови врнежи и од дожд и од снег како и можна снежна покривка.

Во текот на саботната вечер како и во текот на ноќта кон недела можни се повремени врнежи од дожд додека на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег со што ќе се формира снежна покривка.

За недела временската прогноза е дека се можни нови врнежи кои во понеделник е можно на некои места да преминуваат во снег. Снежна покривка ќе ги забелее планините. Во понеделник но со тоа што услови за послаби врнежи од снег ќе има и на некои од пониски места, провејување на слаб локален снег ќе има  и во вторник додека температурите значително ќе се спуштаат и минималките ќе се движат во интервалот од -9 до 0 додека максималните ќе се искачуваат во интервалот пд -2 до 7 степени.

Нов циклон се очекува и во четврток но овој пат овој циклон треба да услови врнежи претежно од снег и на пониските места.

Според раните прогнози и очекувања можно е снежна покривка и на повисоките места и на планините од 20 цм до 50цм на планинските места.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com