Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Почнуваат соло-ангажманите на војвотката Меган

0

По лансирањето на нејзиниот прв соло проект, како дел од кралското семејство, војвотката од Сасекс сега треба сама да преземе два службени ангажмани. Досега, на официјални ангажмани, Меган беше придружувана од нејзиниот сопруг, принцот Хари, или од други членови на кралското семејство како кралицата или војвотката од Кембриџ.

Меѓутоа, Меган ќе биде домаќин на нејзиниот прв настан оваа недела, а потоа ќе се пофали и со друг нејзин ангажман следната недела.

В четврток, 20 септември, Меган ќе биде домаќин на славенички настан во палатата Кенсингтон за промоција на книгата за готвење „Заедно“. Во понеделникот дознавме дека војвотката поминува време со група жени, кои сега ја издаваат својата книга со рецепти, со надеж дека „Хоб кујна на заедницата“ во западен Лондон ќе биде во можност да биде отворена седум дена во неделата, поддржано од Меган. На настанот, Меган ќе им помогне на жените кои се вклучени во шемата да подготват оброк за себе и за гостите да седнат и да уживаат во вкусната гозба.

Неколку дена подоцна, во вторник, на 25 септември (еден ден откако таа ќе присуствува во универзитетот Лауборо со Хари за наградите за тренери), Меган ќе присуствува на отворањето на изложбата „Океанија“ на Кралската академија за уметности во Лондон.

Изложбата ќе ја прослави уметноста од земјите како што се Нов Зеланд, Фиџи, Тонга и Австралија – сите региони кои војводата и војвотката од Сасекс ќе ги посетат во октомври на нивната есенска кралска турнеја.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com