Потклекнавме под притисокот, сепак квалификациите не се загубени

0

 

Македонската ракометна репрезентација неочекувано го загуби квалификацискиот натпревар со Грција 28:26, иако во Кожани допатувавме како фаворити.

Сепак, со овој пораз само внесовме дополнителна неизвесност во квалификациите за Европското првенство, но крајниот исход зависи исклучиво од нас. Следува двомеч со Исланд, со Грција треба да играме на домашен терен, така што нема место за паника. Има место за критика и за преиспитување на некои потези на стручниот штаб, но сето тоа кога малку ќе се оладат главите.

Најдобар стрелец кај Македонија беше Лазаров со седум гола, Талески даде шест, а Манасков четири гола.

Македонија во наредното коло од квалификациите за ЕП 2020 кое се игра во април ќе гостува во Рејкјавик кај Исланд.

Фото: екипа.мк

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com