Потврдено: во хеликоптерот загинаа петмина патници, избегната поголема несреќа

0

 

Во хеликоптерот што се урна во близина на стадионот „Кинг Пауер“ во кој животот го загуби газдата на Лестер, се наоѓале уште четири лица, се вели во соопштението кое го објави клубот доцна во ноќта, а во јавноста излезе и официјалниот записник на полицијата од овој град.

Откако беше дознато и потврдено за Вишаи Сриваданапраба, медиумите ги објавија имињата на останатите жртви, односно на соработниците на Вишаи, Нурсара Сукнамаи и Кавепорн Пунпаре, пилотот Ерик Свафер и патничката Изабела Розе Лехович.

Нурсара Сукнамаи, најмногу падна во очите на медиумите, ако се знае дека таа му беше најблиска и најдоверлива соработничка на Вишaи. Таа во 2005 година победила на изборот на ,,Мис Тајланд”, а откако почнала да работи за сопственикот на Лестер, после одреден период му станала и љубовница. Нурсара, нејзиниот луксузен живот постојано го споделувала на социјалните мрежи.

И додека светот уште се опоравува од шокантна вест за хеликоптерската несреќа, медиумите го ставаат фокусот на поголемата несреќа што беше одбегната. Пилотот Ерик Свафер со неговата последна одлука спасил стотици животи на стадионот во Лестер бидејќи во последен очајнички обид пред да се срушат успеал да го пренасочи хеликоптерот и да не паднат врз стадионот чии трибини во тие моменти се празнеле, каде што бројот на жртви ќе бил далеку поголем.

Британските весници го величаат како вистински херој и пишуваат дека е „вистинско чудо“ што нема повеќе настрадани во оваа несреќа.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com