Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Популарна пејачка прошета како божиќен подарок

0

Популарната пејачка Рита Ора сака да шокира со нејзиниот изглед, па за прошетка по улиците на Париз е видена во необично црно- бело фустанче со значителна машна од страна, што многумина потсети на убаво завиткан божиќен подарок.

Некои коментираа дека нејзиниот фустан ги потсетува на подарок за Божиќ поради  неговата величина. Црно-белиот свилен фустан беше прилично краток за ова ладно време, но пејачката исто така имаше хулахопки кои колку-толку ја штитеа од студ.

Изгледот го надополни со очила за сонце со многу накит и лакирани сандали. Всушност, не е изненадувачки нејзиниот моден избор, бидејќи ова не е првпат огромна машна да го привече вниманието на сите.

И на Мет Галата во 2017 таа се појави во црвено-кафеав фустан со огромна машна, па можеме да заклучиме дека Рита го сака овој детаљ. „Некои мислат дека сум луда затоа што избирам чудна облека, но мене ми се допаѓа тоа затоа што сум повеќе мотивирана за извршување на обврските во текот на денот“, рече Рита.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com