Полицијата воведе патроли со камили во Абу Даби

0

Според „Галф Њус“, патроли со камили се појавиле во полицијата на главниот град на Обединетите Арапски Емирати. Како што е соопштено од страна на полициските службеници, ова не е само почит кон традициите, туку и начин да се достигнат тешко достапните области.

„Ние продолжуваме да се стремиме да ја осигураме безбедноста на Абу Даби и да продолжиме да ги користиме сите можни средства за зголемување на нивото на безбедност во Емиратите“, рече шефот на полицијата на Абу Даби, Мохамед Халфан ал-Ромати.

Од античко време, камилите играле важна улога во животот на арапските племиња: тие помагале во транспортот на бедуините, а исто така биле и еден од главните извори на месо, млеко и волна.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com