Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Полицијата бара луѓе на Фејсбук

0

 

Полицискиот оддел „Ричленд“ во Вашингтон, САД, објавил слика на Ентони Ејкерс на 28 ноември, како дел од нивната редовна практика „Wanted Wednesday“.

Но, кажете што сакате за концептот на „Wanted Wednesday“ , во оваа пригода тој бил ефективен, со тоа што Ејкерс коментирал на самата објава. 38-годишниот, кој бил баран бидејќи сакал да не се придржува кон условите на неговата условна казна, напишал: „Смирете се, јас сам ќе се предадам“.

Но, тој не се појавил во станицата.

Одговарајќи на Фејсбук, полицискиот оддел напишал: „Еј Антони, се уште не сме те виделе. Нашето работно време е од 8:00 до 17:00 часот од понеделник до петок. Секако, ако ти треба превоз може да не побараш на број 509-628-0333 и ние ќе те земеме“.

Ејкерс ја одбил понудата на „превоз“, но го уверил одделот дека наскоро ќе биде таму.

Тој напишал: „Полициски оддел „Ричленд“, ви благодарам, завршувам некои работи, бидејќи најверојатно ќе бидам таму еден месец. Би требало да дојдам во следните 48 часа“.

Два дена поминаа, а тој уште не се вратил во полицијата, но им одговорил во романтиччно- комичен стил: „Почитувани, не е до вас, до мене е. Очигледно имам проблеми со врзување. Се извинувам што ве извисив, но дозволете ми да се оддолжам. Јас ќе бидам таму попладне, знам дека немате причина да ми верувате по она што ви го направив, но ветувам дека ако не успеам сам да стигнам утре, ќе ви се јавам за превоз. Однапред ви благодарам на вашиот одговор ако трпеливо ми дадете уште една шанса, знам дека не ја заслужувам.

П.С. Вие сте прекрасни“.

Полицијата не мораше да го бара, бидејќи во вторникот, речиси цела недела по оригиналната објава, Ејкерс се предаде – дури и споделувајќи „селфи“ како доказ.

Од полицијата изјавиле дека е добро да бидете во контакт со заедницата, па дури и со оние кои се барани.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com