Познати личности кои ги напуштиле своите жени и отишле кај љубовниците

0

Често се случува изневерувањето на маж со друга жена да стане многу посериозно и да прерасне во вистинска љубов. Кога доаѓа до тоа, голем број мажи ги оставаат своите поубави половини и ја избираат нивната љубовница. Еве неколку примери од познати личности кои што го направиле тоа

  1. Принцот Чарлс

Во средината на 90-тите, кога принцезата Дијана и принцот Чарлс се разведоа, на сите ни беше жал за Лејди Ди. Во едно интервју за Би-би-си таа изјави:  „Бевме тројца во овој брак, па затоа беше премнгу тесно”, навестувајќи ја врската помеѓу нејзиниот сопруг и Камила Боулс. Всушност, Чарлс и Камила биле заедно уште пред Принцезата Дијана, но кралското семејство било против нивниот брак. Во 2005 година Чарлс и Камила се венчаа (тоа веќе беше после смртта на Дијана и разводот на Камила).

  1. Даниел Модер

Џулија Робертс се запознала со Дени Модер уште за време на филмот „Мексиканец“. Актерката толку брзо и силно се заљубила, што дури не и сметал социјалниот статус на нејзиниот нов партнер (тој бил само оператор во филмот), ниту пак неговата тогашна жена – шминкерката Вера Стејнберг. После разводот со неговата жена, во 2001 година Даниел и Џулија ги потпишаа документите за брак. Од тој ден тие живеат среќно и воспитуваат 3 деца.

  1. Вуди Ален

Иако режисерот Вуди Ален не стапи во формален брак со актерката Миа Фароу, тие живееле 12 години и  заедно одгледале три деца (од кој две им биле посвоени).  Разделбата на овој пар се случила кога се дозна дека Вуди нашол нова љубовница, посвоената ќерка на Миа од нејзиниот прв брак со диригентот Андре Превен. Од почеток, Ален со  младата девојка од Кореја, Сунг-Ји, не планирал да има сериозна врска, но после некое време тој разбрал дека токму таа е љубовта не неговиот живот. Во 1997 година после многу скандали, љубовта сепак победи и тие се венчаа.

  1. Свиз Битс

Раперот Свиз Битс и пејачката Алиша Кис биле стари пријатели уште од детство. После 10 години, започнала романса помеѓу овие две ѕвезди, но заљубените долго време се  криеле од јавноста, за да не ја нервираат жената на музичарот. Во 2010 година, Свиз Битс се развел од неговата сопруга и после краток временски период се ожени со неговата стара љубов Алиша. Нивните деца, патем, имаат многу егзотични имиња – Иџипт и Џенезис.

  1. Итан Хоук

Познатиот холивудски актер Хоук се задушувал од бракот со Ума Турман: нејзината поуспешна кариера практично не му дозволува мирно да спие навечер. На местото на настанот, се појавила дадилката на нивните деца, Рајан Шохјуз, која го гледала Итан Хоук на друг начин. Три години по разводот со Ума Турман, тој се ожени со неговата прекрасна датилка, која што му роди три ќерки.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com