Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Познати личности кои без срам позирале голи

0

 

Денес, на социјалните мрежи како „Инстаграм“ многу лесно може да се најдат фотографии во кои што ѕвездите позираат во голо издание. Порано, кога не постоеше „Фејсбук“ , ниту пак „Инстаграм“, ваквите фотографии беа многу поретки, речиси не постоеја.  Да се потсетиме на 5 познати личности, кои уште во тоа време позираа без облека

  1. Џенифер Анистон

Во 2009 година на ѕвездата на серијата “Пријатели”  Анистон, не и беше прв пат да се појави без облека на насловна страна. Јануарското издание на „GQ“  во 2009 година било успешно како никогаш порано , во кое што згодната Анистон позира само во шарена вратоврска.

  1. Џон Ленон и Јоко Оно

Во декември 1980 година, Ени Лејбовиц во Њујорк направи фотосесија од поранешниот член на групата „Битлси“ . Фантастичниот музичар Ленон, одби да биде фотографиран без неговата сопруга. И така Ени дојде до оваа брилијантна идеја: Ленон да ги симне неговите алишта и свиткан во клопче да се заврти кон неговата сакана, која што ќе биде потполно облечена. После 25 години, во 2005 година, фотографијата беше објавена на насловната страна на списанието “Ролинг Стоун”, која беше посветена на сеќавањето на Џон Ленон. Здружението на новинари во Америка ја нарекоа оваа слика најдобра насловна слика во последните 40 години.

  1. Ким Кардашијан и Канје Вест

Во 2013 година, Ким Кардашијан и Канје Вест буквално не можеа да се оделат еден од друг и сите знаеја за тоа – во голема мерка благодарение на насловната страна на пролетното издание на францускиот „L’Officiel Hommes“.

  1. Џенет Џексон

Американската пејачка Џенет Џексон која многу години се трудеше да не биде сенка на нејзиниот брат – кралот на поп музиката, легендарниот Мајкл Џексон, во 1993 година после оваа фотографија, конечно успеа.

  1. Деми Мур

Во раните 1990-ти, речиси секој ден на насловна страна можеше да видите голи жени, но малкумина од нив ризикуваа да фотографираат голи бремени жени. Во август 1991 година, тогаш 28 – годишната американска актерка Мур, во седмиот месец од бременоста со својата втора ќерка Скаут Вилис, позираше само со дијамантски накит.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com