Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Подгответе го вашиот дом за гости за 30 минути или помалку

0

Ако ви се случи да бидете фатени неподготвени за неочекуван посетител, еве неколку совети кои ќе ви овозможат вашиот дом да биде подготвен за гости за 30 минути или помалку.

Сè на едно место

Сè треба е на свое место, но кога немате премногу време за средување, најдоброто нешто што можете да го направите е да земете кошница и вметнете во неа сè што треба да се отстрани или организира подоцна, а неа затрупајте ја во алиштата за перење или на друго незабележливо место.

„Маскирајте“ го подот

Првото нешто што ќе го забележат вашите гости е подот, а за жал трошките, нечистотијата и други остатоци може и да ги почувствуваат. Поминете со правосмукалка, и ако има уште дамки, преуредите го мебелот или  килимот за да ги покриете барем додека гостите се тука.

Направете куќата да изгледа свежа и стилизирана

Пренасочете го вниманието на гостите од вашето брзо чистење со избирање на некои убави цветови од вашата градина и ставање во убава вазна на маса. Светло овошје во сад е добра замена. Одете низ куќата и отворете ги завесите и прозорците за да влезе природна светлина и свеж воздух, а потоа запалете миризлива свеќа.

Бања

Бањата е една соба која е тешко да се одржува чиста во семејниот дом, но често се користи од страна на гости. Направете да изгледа чиста со брзото бришење на огледалото, отстранување на користени крпи и запалете свеќа за да ги прикрие сите непосакувани мириси.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com