ПОДГОТВЕНО ПРЕЧЕКАЈТЕ ЈА ЗИМАТА

0

 

И покрај тоа што денес ни е наједноставно да го замрзнуваме зеленчукот, сепак приготвувањето зимница на ваков или онаков начин, секогаш е главното обележје на септември. Познати сме по гурманските специјалитети, што ги приготвуваме за зимата, особено ајварот, по што надалеку сме познати.
Во секој случај, овие рецепти можат да ви помогнат да го направите вистинскиот избор, што да приготвите за зимата.

ЧУВАЊЕ НА ЗИМНИЦАТА

Теглите и шишињата со зимница не треба да се ставаат на високи полици, бидејќи во височина воздухот е многу потопол отколку при дното, па и зимницата која се чува високо побрзо се расипува.

МЕШАН ЗЕЛЕНЧУК

3 кг здрави меснати пиперки, 3 кг модар патлиџан, 300 грама исецкани зелени маслинки, 150 грама сардели од конзерва, неколку листови босилок, малку сечкан магдонос, 3 литри оцет, маслиново масло, неколку зрна црн пипер, мелен црн пипер, сол.

МАГДОНОС ЗА ЗИМА

Може да се остави за зима во вид на прашок и лист. Во прашок се користи како додаток на јадењата, а магдоносот во лист се користи за супи, чорби и приготвување на месо. Кога ќе го исушите магдоносот, сувите листови истрошете ги и поминете ги низ сито или преку гергев. Ставете го во теглички и така магдоносот како додаток на јадењата е сосема приготвен. Покрупните листови ставете ги во кеса сошиена од платно или газа и се држи на суво и студено место. Ваков магдонос се користи за чорби, супи или приготвување на месо.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com