Повторно инцидент на авто трки во Скопје (ВИДЕО)

0

Денеска се возеше тренинг пред трката „Скопје круг ноември 2018“ низ улиците во Скопје, а на него се случи еден тежок инцидент откако се преврте автомобил. Мики Тодоров, возачот од Струмица, доживеа несреќа, откако со неговиот автомобил се истумба, удирајќи се во една од безбедносните гуми.

На трката учествуваа околу 30 натпреварувачи, а според информациите, Тодоров се наоѓа во добра здравствена состојба.

Интересно е дека е ова нов инцидент на авто-трките во Скопје, бидејќи неодамна на Водно најнапред еден невнимателен гледач беше удрен од автомобил и повреден, а потоа друг автомобил излета од патеката и удри во бетонски столб.

 

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com