Повторно измена: Авионот со ракометарите на Вардар нема да слета во 16 часот

0

Според првичните информации ракометарите на Вардар требаше да се враќаат назад во Скопје вечерва околу полноќ, па потоа се смени агендата дека треба да пристигнат околу 16.00 часот, но сепак пак има и други промена.

Според информациите на Скопје Инфо, ракометарите на аеродромот треба да слетаат во 19.00 часот, а причината за одложување е поради самитот на НАТО.

Град Скопје за ракометарите обезбеди чартер лет за кој од буџетот ќе бидат одвоени 39.500 евра.

Како што најави градоначалникот Петре Шилегов на Плоштадот Македонија ќе се организира дочек на ракометарите за што се одвоени 2 милиони денари, а ракометарите од Градот ќе бидат наградени со 6 милиони денари.

Пречекот ќе започне на аеродром а потоа ќе продолжи на плоштадот „Македонија“.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com