Побарал вода, добил чаша со мраз и совет „Почекај да се стопи“

0

Безалкохолни пијалаци се една од ретките бесплатни привилегии кои патниците ги уживаат на нивните летови. Но, оваа практика веќе не е загарантирана – особено во нискобуџетските авиокомпании.

Според неговиот Фејсбук пост, патникот Џин Го бил на лет меѓу Сингапур и Осака, Јапонија. Бидејќи полетувањето се одложило, Го побарал чаша вода. Звучи како доволно лесно барање. Но, стујардесата која го служела му рекла дека авиокомпанијата нуди само флаширана вода за купување. Секако, тој бил шокиран дека нема да му биде услишено таквото едоставно барање, освен ако не плати за тоа. Многу авиокомпании сметаат дека водата е дел од вообичаената услуга, често тураат вода во чаша наместо да служат цело шише.

Бидејќи Го не сакал да плати за шише, стјуардесата го послужила со чаша полна мраз и му рекла да почека да се стопи. Секако, мразот е само замрзната вода, но тоа не изгледа како најпогодно решение.

„Сè што барав е само една чаша вода, не ми е гајле ако беше од чешма. Се надевам дека може да има некаква грижа за патниците, не неразумност“, напиша Го на Фејсбук. Со оглед на тоа дека дехидрацијата е сериозен медицински проблем на летовите, не е сосема неприфатливо да се очекува бесплатна вода.

Сепак, ледената вода, обичната вода, кафето и чајот може да бидат опасни за вашето здравје ако авиокомпанијата не ја одржува својата вода и чистотата според стандардите, а тоа отвора простор за можноста за тужба ако на патник му се слоши. Ова е причината зошто многу авиокомпании нудат бесплатна флаширана вода, но нормално, така е само во високобуџетните компании.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com