Плус-сајз модел повикува на бојкот на модно шоу на „Викторија Сикрет“

0

 

Модното шоу на „Викторија Сикрет“ се карактеризира како прослава за сето она што американскиот бренд на долна облека го претставува: женственост, декаденција и самодоверба на супермоделите, но годишниот спектакл никогаш не е далеку од контроверзии.

Иако шоуто е пофалено за вклучување на модели од разновидни етнички потекла, поставата останува хомогена во однос на формата на телото, со тоа што компанијата никогаш немала жена со плус големина да оди по нивната позната писта.

Сега, еден модел бара комплетен бојкот на шоуто кое се очекува да се одржи во ноември, и повторно ексклузивно вклучува само тенки жени.

Робин Лоули, првиот плус-сајз модел кој се појави на насловната страна на „Спортс Илустрејтед“, започна интернет петиција повикувајќи ги „Викторија Сикрет“ да бидат поинклузивни. 29-годишниот австралиски модел на инстаграм тврди дека брендот за долна облека „доминирал речиси 20 години, кажувајќи им на жените дека има само еден вид убаво тело.“

-Додека „Викторија Сикрет“ не ги прикажува СИТЕ жени на сцената, повикувам на комплетен бојкот на овогодишната модна ревија на Викторија Сикрет – продолжува таа, додавајќи дека е време „Викторија Сикрет“ да ја препознае куповната моќ и влијанието на жените од СИТЕ возрасти, форми, големини и етницитети.

-Женскиот поглед е моќен, и заедно, можеме да ја славиме убавината на нашата разновидност. Време е „Викторија Сикрет“ да ги прослави потрошувачите што ја полнат нивната каса- изјави Лоули.

Објавата е добро примена од 190.000 следбеници на Лоули, собирајќи повеќе од 1.900 допаѓања и стотици поддржувачки коментари; петицијата досега беше потпишана од повеќе од 700 луѓе. Наместо гледањето на годинешното шоу, кое ќе се одржи во Њујорк, таа ги повика луѓето да споделат фотографија од себе на Инстаграм под хаштагот #MyAngelWings.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com