Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Плачењето е поефективно од смеењето

0

„Чинот на плачење е поефективен од смеење или спиење во намалувањето на стресот”, изјави 43-годишниот Јапонец, Хидефуми Јошида, кој има спроведено неколку истражувања на темата. Тој објаснува дека слушањето емотивна музика, гледањето тажни филмови и читањето тажни книги има огромни придобивки за вашето ментално здравје преку стимулирање на парасимпатичката нервна активност, што го забавува срцевиот ритам, што може да има смирувачки ефект за умот.
„Ако плачеш еднаш неделно, можеш да живееш без стрес”, додаде тој.
Јошида не е првата личност која ги потенцира благотворните ефекти на плачењето.
Во 1981 година, една студија со наслов „Експерт за солзи” спроведена од д-р Вилијам Фреј на Универзитетот во Минесота, тврдеше дека плачот доведува до ослободување ендорфини, а потоа следат чувствата на среќа и благосостојба.
Друга студија спроведена во 2008 година на повеќе од 3.000 луѓе покажа дека плачот ги тера луѓето да се чувствуваат многу подобро во тешки ситуации, што ги наведува авторите да сугерираат дека поттикнувањето на солзите треба да се користи како форма на терапија.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com