ПЕТ РАБОТИ ПОРАДИ КОИ ВИКЕНДОТ ПОДОЛГО ЌЕ ТРАЕ

0

 

На викендот сите му се радуваме цела седмица, а тогаш кога ќе дојде ќе ‘‘пролета‘‘ за миг. Ако и во понеделник дојдете на работа изморени и безволни,време е да го продолжите својот викенд.Тајната е во малите работи,кои можеме да ги направите во текот на седмицата, а кои  овозможуваат да се чувствувате среќни и исполнети.

Заборавете ја рутината и направете нешто ново.

1.Направете забава во средината на седмицата

Повикајте ги блиските пријатели на вечера и чаша вино.Опуштете се и однесувајте како следниот ден да не морате да се разбудите со алармот и да заминете на работа.Ова е одличен трик и ќе Ви се чини дека денот траел подолго.

2.Поминете спа ден

Кој вели дека не можете да отидете на третман за убавина во среда,по работа.Ако не можете да си дозволите професионален третман, создадете wellness во својата куќа со козметички производи кои ги имате, со свеќи и опуштена музика.Не морате да го чекате викендот максимално да се опуштите.

3.Излезете надвор на вечера во текот на седмицата

Не е само викендот резервиран за излегување надвор со пријателите.Отидете на вечера во средината на седмицата и ќе Ви се чини дека викендот трае подолго.

4.Отидете во кино

Минувајќи ја вечерта во кино е одличен начин малку да се одалечите од реалноста.Така ќе го ублажите стресот и ќе заборавите на екојдневните проблеми.Покрај тоа, истражувањата покажале дека тажните филмови помагаат да ја олесните болката која ја чувствувате.

5.Занимавајте се со своето хоби

Хобито е одличен начин за решавање на насобраниот стрес од целата седмица.Но, ужасно тешко е уживањето и останатите обврски да се завршат во текот на викендот,бидејќи едноставно е премалку време  за сето тоа.Наместо да легнете во кревет по вечерата, занимавајте се со своето хоби.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com