„Петрунија“ освои главна награда на фестивал во Германија

0

Филмот „Господ постои, името и’ е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска се закити со уште една престижна награда на штотуку завршениот фестивал Dortmund | Cologne International Women’s Film Festival, https://www.frauenfilmfestival.eu. Петрунија ја освои главната награда на фестивалот која има парична вредност од 15.000 евра.

Овој фестивал е посветен на женски автори и во главната конуренција се одбираат само 8 филма од целиот свет, кои се натпреваруваат за главната награда. Овој пат тричленото жири, се одлучи за Петрунија кој очигледно наидува на одличен прием кај германската стручна филмска јавност. Жирито доделувајќи ја наградата соопшти: „Oдлучивме да ја доделиме главната награда на овој филм поради својата извонредност во пренесување приказна за храброста на невработена жена да се спротивстави на воспоставени и затемелени структури на патријархатот. Надминувајќи ја сопствената отуѓеност таа ја осознава својата моќ да ја озобнови солидарноста во борбата против неправдата“.

Теона С. Митевска за да и биде врачена наградата на завршната церемонија допатува од Go East филмскиот фестивал во Визбаден, каде е претседател на интернационалното жири. „Господ постои, името и’ е Петрунија“ на 10 април со голем успех го отвори фестивалот во Визбаден, а следната проекција на 12 април беше целосно распродадена и се бараше билет повеќе.

Овој месец филмот патува на шест фестивали, меѓу кои и Московскиот филмски фестивал, од каде еден од најголемите руски дистрибутери Ruscico, кој го откупи филмот за дистрибуција во Русија и Украина, ја започнува руската дистрибуција на Петрунија. Филмот од страна на фестивалот е најавен како емотовен енергичен манифест на Балканскиот феминизам http://www.moscowfilmfestival.ru/miff41/eng/.

Интернационалниот продажен агент Пирамид кој ги откупи и правата за дистрибуција на француската територија активно се подготвува за киноприкажувањето во Франција, и со големо задоволство соопштуваат дека на 1 мај ја започнуваат дистрибуцијата во 60 кино сали на низ цела Франција, од кои 7 во Париз.

Петрунија патува и низ цела Македонија, по успешните преставувања во Скопје, Битола, Прилеп, веќе на 20 и 21 април ќе биде прикажан и во градот каде што беше сниман, драгиот Штип.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com