Пенелопе Круз зрачи на насловна страна на списание

0

44-годишната Пенелопе Круз се појави на насловна страна од февруарското издание на списанието „Мари Клер“. За време на фотосесијата позира во различни секојдневни модерни парчиња и како и секогаш изгледа прекрасно.

Шпанската ѕвезда Круз веќе од 2010 година е со шпанскиот заводник Хавиер Бардем и заедно воспитуваат две прекрасни деца. За списанието таа даде искрено интервју за мајчинството и за улогата на жените во современото општество:

„Кога Вие поминувате низ целиот макотрпен пат (на раѓање на деца), тогаш разбирате како општеството остава погрешен впечаток и ги мами жените и мажите. Општеството наметнува на Вас некој стереотип, кој ве приморува веднаш после напуштање на болницата, уште од првиот ден да се фатите за работа. Сите сме ние супержени – и тие кои имаат деца и тие што немаат“, изјави Пенелопе Круз.

Пенелопе призна дека семејството го става секогаш на прво место и ништо во животот не е поважно од него. Таа раскажа и за нејзиниот нов филм „Сите знаат“ („Todos lo saben“), кој што се појави во мај минатата година и во него глуми заедно со својот брачен партнер, Хавиер Бардем.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com