Падна првиот снег, половина Македонија блокирана

0

 

Поради обилни врнежи од снег од 17:00 часот патниот правец Дреново – Прилеп е затворен за сообраќај на тешки моторни возила, соопшти Автомотосојузот на Македонија(АМСМ). Претходно е воведена забрана за движење на тешки моторни возила на планинските превои Плетвар и Стража, поради обилни врнежи од снег.

Патниот правец Делчево према граничен премин е во прекин за тешки моторни возила поради обилни врнежи од снег, исто како и патниот правец Берово-Виница кој е во прекин за патнички и тешки товарни возила.

Поради интензивни врнежи од снег на планинскиот премин Стража се воведува задолжителна употреба на зимска опрема (ланци) за сите моторни возила.

Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато и по влажни коловози поради врнежи од дожд и снег. На планинските премини Стража, Плетвар, Ѓавато, Буково и Пресека има остатоци од кашест снег на коловозот, но нема забрана за движење на возилата.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com