Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Официјално отворен Самитот Македонија 2025

0

 

Со поздравно обраќање на годинешниот клучен говорник и претставување на политиките зад економскиот успех на тековната администрација на САД, официјално беше отворено седмото издание на Самитот Македонија 2025, каде врвни имиња од глобалниот бизнис ќе ги запознаат македонските стопанственици со најновите светски трендови во економијата, инвестициите и технолошките иновации.

-Има бројни важни прашања поврзани со политиките за кои треба да ги споредиме погледите и да размениме отворени перспективи. Амбиентот за водење политики во многу делови на светот рапидно и динамично се менува, нудејќи, како можности, така и предизвици. Тоа ќе биде навремен повод нив да ги разгледаме на стратешки начин свртен кон иднината, особено во контекст на тоа како да се дефинира една обновена патека за Македонија и да се реализира нејзиниот целосен потенцијал – изјави Ентони Б. Ким, Менаџер за истражување, уредник на индексот за економска слобода во фондацијата Херитиџ, САД.

Дел од денешните панел-дискусии се поврзани со сеопфатен економски осврт на светот и регионот, споредба на стратегиите за привлекување на директни странски инвестиции, како и најдобрите практики на светско ниво. Максимилијан Ламбертсон водечки аналтичар за Источна Европа во The Economist Intelligence Unit, Велика Британија, изјави дека економската активност на Западен Балкан се има подобрено во изминатите три години.

Утре во фокусот ќе бидат дигиталната трансформација, најновите технологии во здравството и зелените индустрии.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com