Откриени гени за подолг живот?

0

Истражувачите од Универзитетскиот медицински центар (УМЦ) во Амстердам откриле ретка генетска варијација која во голема мера ги намалува шансите за Алцхајмерова болест и уште два облици на деменција. Покрај тоа можно е овој ген да ја зголеми шансата за подолг живот, објавено е во научното списание „Acta Neuropahologica“, а пренесуваат од холандската телевизија „NOS“.

Според информациите објавени во студијата, ова исклучително важно откритие носи нови можности во развојот за Алцхајмерова болест, но и други облици на деменција кои засега не можат да се лечат.

Научниците очекуваат дека откритието на овој ген задолжен за регулација на системот за чистење на мозокот е на чекор поблиску за лекот на Алцхајмерова болест.

Истражувањето кое го води клиничкиот генетичар Хане Холстехе во UMC во Амстердам се спроведува на 16 различни групи на популација во 60 истражувачки институти во Европа и Северна и Јужна Америка.

Хане Холстехе позната е по своето генестско истражување кај луѓе постари од 100 години кои и во ова откритие имале важна улога.

Во едно од претходните истражувања генетската варијанта Rs 72824905 доведена е во врска со заштита од Алцхајмерова болест, но затоа што овој ген е многу редок дури едно од 100 лица во Европа го има, сега анализирале податоци од 53.000 луѓе од Европа и Северна Америка со што е зголемен бројот на луѓето со овој ген кои учествувале во истражувањето.

Резултатите од истражувањето се спектакуларни: луѓето со ген Rs 72824905 имаат преполовени шанси да заболат од Алцхајмерова болест, фронотемпорални деменции и деменции со Левиево тело (ДЛТ). Влијанието на овој ген на развојот на васкуларните деменции не е опфатен во ова истражување.

Научниците се надевале дека новооткриениот ген има заштитна улога и во развојот на Паркинсонова болест, мултипла склероза и амиотрофична лателарна склероза (АЛС), но тоа не е случај.

Улогата на генот Rs 72824905 има врска и со подолг живот.

Луѓето со овој ген постари од 90 години чии податоци се анализирани, во просек живеат една година подолго, но затоа што анализираната група е релативно мала не е возможно да се исклучи случајноста.

Сепак единствена група на луѓе постари од 100 години од истото истражување, двапати почесто го поседуваат овој ген. Еден од носителите на генот, здрава жена од 104 години, покрај новооткриениот ген дури носи и два гени кои кај другите пациенти предизвикуваат исклучително брзо произведување на штетни протеини во мозочните ќелии.

Носителите на тие два гена често на млада возраст заболуваат од деменција додека пак стогодишните луѓе кои се носители на овој ген се исклучително ретки.

Mеѓутоа, генот Rs 72824905 очигледно има и заштитна улога во произведување на овој протеин: кај пациенти кои имаат проблем со паметење, но се носители на овој ген, процесот на произведување на штетни протеини во мозочните ќелии е значително побавен. Токму заради тоа научниците веруваат дека откривањето за тоа како овој ген функционира ќе биде многу блиску до лекот на Алцхајмерова болес.

При облиците на деменциите кое ги опфатило ова истражување, мозочните ќелии изумираат заради произведувањето на штетни протеини во нив.

Иако сè уште не е познато точно на кој начин доаѓа до тоа, научниците веруваат дека значаен дел е предизвикан со фактот дека системот за чистење на мозокот од отпадот со години веќе послабо функционира.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com