Откриена тајната на жолтите елеци во Париз

0

Светската јавност деновиве со будност ги следи настаните кои ја потресоа политичката сцена во Франција. Своевиден симбол на протестите кои го кренаа на нозе Париз и поголемите француски градови станаа жолтите елеци, кои ги носат најголемиот број од демонстрантите.

Оттаму, јавноста се заинтересира кој е симболот на жолтите елеци и од каде токму тие се избрани како знак на препознавање. Француските медиуми го посочуваат извесен Гилсан Кутар.

Тој е еден од ретките луѓе кои се поврзуваат со т.н. жолти елеци, движење кое уште од ноември протестира против новите цени на горивата. Овој автомеханичар од Нарбона, во едно видео, предложил сите демонстранти да облечат жолти елеци.

„Тоа беше доста едноставно. Го снимив моето видео и го видов мојот предупредувачки елек кој го користам за работа. Мислев дека тој е создаден да се види, сите го имаме во нашите возила бидејќи така пропишува законот. Зошто да не го користиме како наша боја за препознавање? И да видеме дали сакаат да излезат на улица и да протестираат. И погодок. Точно тоа и се случи”, рекол Кутар.

На прашањето што треба да се случи за жолтите прслуци да бидат задоволни, тој одговорил дека претседателот треба да излезе од својата дупка и да се соочи со граѓаните на Франција.

„Не само со соопштение во јавноста, туку во реалноста, на улица. Но тоа никогаш нема да се случи. Мислам дека нема да сака. Тој е премногу одалечен. Проблемот е што е тврдоглав. Во еден момент некој ќе мора да отстапи, а ние сметаме дека тоа ќе биде тој”, рекол Кутар.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com