Отворена изложбата на Станимир Неделковски „Регистратура: актуелни состојби – инакви значења“

0

 

Во Музеј на град Скопје вечерва беше отворена изложба на дела од Станимир НеделковскиРегистратура: актуелни состојби – инакви значења“.

Станува збор за изложба на 50 фотографии кои за тема ја имаат состојбата на јавните споменици и спомен обележја кои обележуваат настани, личности и места поврзани со НОБ и работничкото движење во Скопје, подигнати во периодот 1945 – 1990.

Намерата е критички да се разгледа состојбата на овие споменици и да се презентира возбудлив фотографски есеј за нив.

Намерата на проектот на Станимир Неделковски, „Регистратура: актуелни состојби – инакви значења“ е да направи збирна претстава за тоа во каква состојба се наоѓаат спомениците од овој период во Скопје и кое е нивното претпоставено значење во новото просторно, но и општествено опкружување или, со фотографски речник, да документира она што се наоѓа пред него и таквата документација да ја презентира на јавноста. Местото на презентацијата и каталогот на проектот го формираат одделот Регистратура кој треба да ја меморира и индексира нашата актуелна општествена состојба.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com