Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Осум најбитни места што треба да ги видите во Европа (ако сте по забавата)

0

8. Амстердам, Холандија

Како еден од најопуштените градови во светот, во врска со дрогата и сексот, не е тешко да се замисли зошто Амстердам е популарен меѓу љубителите на забавата. Дистриктот со црвени светла е главна атракција и тоа е искуство што секој млад патник треба да го има. Постојат сексуални работнички кои гледаат од прозорците на борделите, барови и кафулињата полни со магла и стриптиз шоуа – сетоа тоа сместено во неколку градски блокови. Местото е лудо. Ако сте за луда забава на една ноќ или две, не размислувајте понатаму.

7. Барселона, Шпанија

Барселона оживува ноќе и не, не спие. Сè се случува подоцна околу овие делови, со доцни ноќни вечери и пиење до бескрај. Истото важи и за клубовите. Големите клубови во градот дури и не се отвораат до полноќ или 01:00 часот и работат до раните утрински часови. Значи, бидете подготвени за големо забавување!

6. Лагос, Португалија

Во пик сезоната – лето, топлите улици на Лагос се преплавуваат со луѓе спремни за забава кои ги обиколуваат разновидните барови и клубови кои овој град ги нуди. Местото е ефтино и има свои уникатни новости, понуди за пиење и натпревари што ги користат за да ги привлечат играчите секоја вечер. Резултатот е многу џагор и многу смеа.

5. Прага, „Pub crawl“
Кога станува збор за „Pub crawl“, никој не е подобар од оној во Прага. „Prague pub crawl“ е веројатно најголемиот во Европа и секоја вечер има огромен број на туристи. Водичите ќе ве однесат до сите најдобри места во градот (во Прага има многу добри клубови) и го добивате вообичаеното – слободен влез и пијалоци во секој клуб.

4. „Sparty“, Будимпешта

„Sparty“ (спа + забава) во Будимпешта, што се одржува во сабота навечер во реномираните бањи на „Széchenyi“ во Будимпешта, ќе ве импресионира. Диџеите играат на психоделично шоу со светла, создавајќи неверојатна атмосфера за стотици луѓе што пијат и танцуваат во водите на бањата. Не грижете се за времето, ќе ви биде повеќе од топло во водите на бањата.

3. Октоберфест, Минхен

Со сета возбуда и традиција околу Октоберфест, прифатливо е да бидете малку скептични за тоа дали може да биде толку добар, како што секој вели. Но, дозволете ми да ви кажам, тоа е уште подобро! Атмосферата е навистина неверојатна – пеењето, возењето, храната – еден ден на Октоберфест се спојува во една крајно замаглена (но убава) меморија. Исто така, не плашете се ако не пиете пиво – има и други опции за пиење.

2. Иос, Грција

Постојат многу опции за забава низ цела Грција, но Иос е нешто друго. Има изобилство на барови и клубови, сите спакувани во средината на градот. Атмосферата е електрична и целиот град се претвора во една голема забава. Забавата не запира тука, во текот на денот, се упатува кон „Far Out“ местото на нивните епски забави на базен.

1. Пловење во Хрватска

Живеењето на забавен брод една недела и шетање низ прекрасните хрватски острови, прилично зборува за себе, нели? Иако постојат многу различни правци кои можете да ги преземете, исходот е секогаш ист – неверојатни забави, плажи, активности и вибрации. Тоа е одличен начин да се запознаете со луѓе, со тоа што ќе живеете и ќе се забавувате и за една недела ќе станете како семејство со вашите колеги морнари. Пловењето во Хрватска има потенцијал да биде најдобрата недела од вашиот живот.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com