Основачот на Вајн пронајден мртов

0

Еден од основачите на видео-платформата „Вајн“ која што се користеше за споделување на смешни видеа, Колин Крол беше пронајден мртов во неговиот стан во Њујорк. Според непотврдени информации, 34-годишниот програмер починал од предозирање со дрога, објави ТМЗ.

„Вајн“ е основана од Дом Хофман, Колин Крол и Рас Јусупов во јуни, 2012 година. Веќе во октомври истата година, дури и пред нејзиното официјалното лансирање, проектот го откупи „Твитер“. Платформата ја започна својата работа во јануари 2013 година, станувајќи популарна страна за објавување на видеа (обично хумористични), кои траеа до шест секунди. Програмата го достигна својот врв во декември, 2015 година, кога месечно имаше по 200 милиони посетители.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com