Операцијата ја чинеше здравје: Карди Би ги шокираше фановите

0

Пејачката поради здравствени проблеми од многуте операции морала да ги откаже своите настапи. Таа редовно ги шокира фановите и јавноста со своите постапки и “остриот“ јазик, а сега го направи истото поставувајќи фотографија на Инстаграм.

Пејачката отворено зборуваше за пластичните операции кои ги имала, меѓу кои најголемо внимание привлече опаерацијата на нејзиниот задник од периодот кога се занимаваше со стриптиз, пред четири години. Исто така таа правеше и липосукција и ги зголеми градите. Иако докторите ѝ кажале дека заради големите операции треба да одмора, таа сепак не ги послуша.

Таа на фановите им покажа со какви тешкотии се справува после настапот – објавила фотографија од своите отечени стапала, а причината не е пријатна.

„Погледнете како ми отекуваат стапалата секогаш кога летам со авион, а замислете какво ми е телото. Тоа е причината поради која докторите ми кажаа да се смирам“ – напишала Карди.

Пејачката минатиот месец ги откажа концертите, а својата одлука ја објасни со реченицата: „Моите гради мора да зараснат“.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com