Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Од глупост во глупост откако раскина со Кличко

0

 

Откако раскина со долгогодишниот партнер, познатиот боксер Владимир Кличко, Хајден Пенетие постојано запаѓа во проблеми и непријатни ситуации.

Како што пренесуваат американските медиуми, 29-годишната актерка минатиот месец имала проблеми со полицијата. Биле повикани на интервенција откако нејзното ново момче Брајан Хикерсон се степал со својот татко Дејвид. Хајден наводно пијана и хистерична им ја отворила вратата на полицајците.

Полицијата излегла на терен поради пријава за напад и реметење на редот и мирот. Кога првиот полицаец пристигнал низ прозорецот го видел Брајан како го брка татко му со шише в рака. Изјавил дека Хајден дотрчала и ја отворила вратата. Била во паника а тој веднаш му ставил лисици на Брајан за да утврди што се случува.

Полицаецот изјавил дека Брајан не сакал да соработува и не сакал да ги даде личните податоци, наводно за инцидентот да не и влијае на Хајден и нејзината кариера. А таа наводно со Дејвид пиела цело попладне пред инцидентот.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com