Ограбена филијала на НЛБ, настрада обезбедувач

0

Утринава во експозитурата Чаир на НЛБ Банка се случи вооружен грабеж. Притоа е повреден 26-годишниот Е.Е., вработен како обезбедување во експозитурата, потврдуваат од СВР Скопје.

Утрово во 10:36 часот во СВР Скопје пријавено е разбојништво од страна на неколку лица со оружје во банка на улицата „Ферид Бајрам“. Веднаш по пријавата се преземени мерки и активности од страна на полицијата, соопштуваат од СВР Скопје.

Вработениот бил физички нападнат од сторителите, а нема повредени лица од оружје.

Клиентите кои се затекнаа во експозитура и вработените на Банката се безбедни и во добра состојба.

Сторителите успеале да одземат пари од банката. Од НЛБ соопштуваат дека средствата на клиентите се сигурни, бидејќи Банката има осигурување на целиот свој имот и средства.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com