Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Овен Вилсон одбива да ја види својата новородена ќерка

0

 

Холивудскиот актер Овен Вилсон, наводно, не сака да ја види неговата новородена ќерка. Медиумите известуваат дека побарал ДНК анализа да биде потврден дека е татко на Лили, девојчето родено пред три недели.

Овен (49), доби ќерка Лили со поранешната девојка Варуни Вонсвирац. Со неа, Овен, со прекини, беше во врска околу пет години, и иако девојчето е родено минатиот месец, познатиот татко уште не ја видел.

Актерот дури и одбил да дели старателство со нејзината мајка. Инаку, иако тој не останал во контакт со ниту една од мајките на неговите два сина, Овен ги презел своите татковски обврски и среќно поминува време со момчињата, но, според порталот, нема таква намера со Лили.

“Ова е приватна работа и не сакам да коментирам”, изјави тој деновиве.

 

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com