Обичаите на Велигден

0

Најстар и најголем христијански празник,највозвишен ден е Денот на Христовото воскресение – Велигден.Се поменува уште во вториот век на нашата ера.

Се пречекува со голема радост,проследен со низа обичаи,што треба да обезбедат плодност,заштита,среќа и здравје на човекот и неговиот имот.

Најкарактеристичен белег за Велигден се бојадисаните јајца,тоа е стар обичај кој датира во древното минато.Јајца шарале и Словените во својата стара татковина,како и Германите, а најдени се и во старите скандинавски гробници.

Денес, кај нашиот народ,се уште живеат доста преданија поврзани со овој пагански обичај,кој со појавата на христијанството, добива претежно религиозен карактер,надоврзан врз древниот пагански култ за животот и животната радост,претставена со црвена боја.

Така дошло до широко распространети верувања и толкувања, зачувани до денес. Едно од многуте преданија за оваа појава е кога Христос бил распнат на крст,од закованите нозе му капела крв,што ги бојадисала камењата околу крстот.Едно друго предание раскажува за настан од Исусовиот живот.Кога го бркале за да го фатат за проповедите што ги држел,една жена излегла од пат со убаво бојадисани црвени јајца.Римските гонители застанале да го видат тоа,па Исус им побегнал,или пак дека Дева Марија во неделата на закопот на синот,меѓу другото однела за раздавање варени црвени јајца.По пат ја сретнале и и кажале за Исусовото воскресение.Од радост јајцата ги поделила на децата.Оттогаш останал адетот,јајцата да се бојадисуваат црвени и прво се раздаваат на децата.

Бојадисувањето на Велигденското јајце е врзано за определени делови од неделата и време на негово делење.

Во Македонија, јајцата најчесто се бојадисуваат на Вели чатврток,пред изгрејсонце,иако и од ова правило има исклучоци.Чинот на бојадисување е врзан со ликот на домаќинката,која не ме да биде гладна.

Инаку е верувало дека јајцата бојадисани на Вели четврток не се расипуваат до Спасовден(40 дена).

Чинот на бојадисување е рамен на обред,домаќинката станува пред изгрејсонце,ја зема бојата,која се кисне од претходниот ден,ја зоврива и ги става јајцата да се варат.Се водело сметка јајцата да бидат бојадисани,пред да почне да бие камбаната.

Во поголемиот дел од Македонија сите јајца се бојадисуваат наеднаш,со тоа што прво изваденото јајце има посебно име и значење(Христово јајце,Божјо јајце…).

Во некои делови во Македонија се бојадисуваат на Вели четврток три јајца,првото за Господ,второто за домаќинката и третото за добитокот и бериќетот. Првото јајце домаќинката го вади на прозорец, да го огреат првите сончеви зраци, а потоа оди кај децата кои се уште спијат и ги милува по обравчињата зборувајќи им ‘‘црвено, бело, здраво,живо‘‘.Потоа, јајцето го става кај иконата. Останатите јајца ги става во кошничка,претходно премачкани со масло.

Има верување, ако јајцата се бојадисани убаво и рамномерно,без дамки и слично, годината ќе биде родна и обратно.

Првото јајце има посебна магиска моќ, затоа не се крши,јаде, ниту се подарува.Се чува во текот на годината кај иконата или над огништето, да ја чува куќата од зли сили.Се верува дека со помош на ова јајце можат да се растераат градоносните облаци.Исто така, ‘‘за здравје‘‘ децата ги капеле во вода каде било ставено првото јајце.

Велигденското јајце му се подарува на секој гостин, за време на празниците,при тоа, се изговара познатата реченица-‘‘Христос воскресе‘‘, а на тоа се одговара ‘‘Вистина воскресе‘‘.

Познат и мошне раширен е обичајот на кршење на велигденските јајца. Кој има цврсто јајце,ќе биде здрав и силен цела година. Улогата на јајцето е значајна во култот на мртвите.Обичај е по утринската литургија следниот ден по Велигден,да се посетат гробовите на блиските.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com