Обиколницата отворена, асфалтот нов, граѓаните по старо

0

Деновиве комплетно е завршена реконструкцијата на обиколницата над Битола, и сообраќајот по неа се одвива непречено. Со реконструкцијата е “изгребан“ стариот асфалт, поставен нов, со чакал се послани банкините, има поставено нови сообраќајни знаци и столпчиња за одбележување на патот, одбележани се коловозните ленти, тампонирани паркинзите.

Сето ова е во ред, но кога поминувате по обиколницата без разлика дека возите по нов асфалт, околу патот е старата слика, исфрлано ѓубре, направени десетина нови депонии, а дури и на асфалтот е пален оган и ако се продолжи вака сигурно ќе биде оштетен.

„Додека застанавме да фотографираме на мостот тамошните жители се сокрија, избегаа да не ги фотографираме“, објави битолскиот портал Bitolanews.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com