Обединета Европа на 19. Моден викенд Скопје

0

Шоурум со ексклузивни парчиња од дваесет и осум претставници на седумнаесет различни земји, гостување со изложба на наградувана платформа за концептуален дизајн, како и ревиски претставувања на колекциите од млади и етаблирани имиња во земјата и регионот, сочинуваат само дел од богатата програма што посетителите на најголемиот моден настан во метрополата ќе ја проследат од 29 до 31 март во зградата на Европски универзитет (ЕУРМ).

Со свеченото отварање на шоурумот „United Fashion SEE“ во 18 часот, наредниот петок (29.03) и официјално ќе започне со нетрпение очекуваното 19-то издание на Моден викенд Скопје. Домашната публика, но и многубројните најавени гости и медиуми од странство, премиерно ќе имаат можност да ги погледнат најновите креации на 28 возбудливи и внимателно одбрани дизајнери и брендови од Европа.

Покрај од земјата домаќин, своите колекции за сезоната есен-зима 2019/2020, заеднички пред потенцијалните купувачи ќе ги изложат претставници на Белгија, Германија, Португалија, Франција, Романија, Латвија, Естонија, Грција, Турција, Бугарија, Словенија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија и Косово, а потоа истите ќе ги презентираат и со спектакуларен моден перформанс во зградата на Европски универзитет.

На задоволство на филмските сладокусци, вљубениците во уметноста и пасионираните следбеници на модата во сите можни форми, уште една занимлива новина годинава е гостувањето на „ИВАН АСЕН 22“, платформата за концептуален дизајн од Софија. По презентациите во Бугарија, Австрија, Јужна Африка и Германија, следна „станица“ им е Модниот Викенд во Скопје.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com