Ношпал ќе биде задолжен за изгледот на Тамара Тодевска на Евровизија

0

Македонски претставник на Изборот за најдобра песна на „Евровизија“, што ќе се одржи во Тел Авив, Израел, ќе биде Тамара Тодевска која ќе не претстави со песната „Proud“ на авторскиот тим Роберт Билбилов, Дарко Димитров и Лазар Цветкоски.

Што се однесува за стајлингот и изгледот на Тамара, ќе се погрижи модниот креатор Александар Ношпал.

– Не одам на Евросонг за да се докажувам или покажувам. Одам единствено заради Тамара со која сум заедно растен и со која сум емотивно врзан. Имаме одлична песна и одличен вокал. Уште е рано да го откривам изгледот на нашата ѕвезда, ама ќе биде едноставна и прочистена во стилот – вели Александар за „Независен весник“.

Инаку, Александар Ношпал е бренд на модната сцена кај нас. Автор е на над 50 костимографски дела на драми, балети и опери кои се играат на најголемите македонски национални театарски институции, како и неколку познати национални институции во странство

За потсетување, Ношпал по четврти пат ќе се погрижи за изгледот на наш претставник на Еворвовизија. Во 2000 година ги стилизираше „XXL“, во 2002 Каролина Гочева, во 2004 – Тоше и годинава Тамара.

Како ќе изгледа Тодевска на сцената во Тел Авив останува да видиме, но и да и посакаме среќа, а веруваме дека ќе не направи и горди.

Преку социјалните мрежи Тамара се огласи и истакна дека таа вечер ќе пее за својата ќерка Хана. Таа заедно со својот тим полека се подготвува за ова музичко случување, а неодамна откри дека нејзини придружни вокали ќе видат Антониа Гиговска, Андријана Јаневска и Васил Гарванлиев.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com