Нов јапонски мобилен телефон кој може да го собере и во новчаник

0

Најголемиот јапонски мобилен оператор „НТТ Докомо“ го претстави најтенкиот смартфон модел „KY-O1L“. Овој нов модел, има димензии од 91x55x5.3 милиметри и тој многу лесно може да се вклопи во новчаник.

Уредот е опремен со 2,8-инчен монохроматски екран на електронски мастило, LTE-модул и батерија од 380 mAh. Тој нема камери и пристап до различни апликации, но во системот веќе се инсталира прелистувач, калкулатор и календар.
Овој нов јапонски мобилен телефон, според веб-страницата на компанијата, тежи околу 47 грама. За производство на моделот „KY-O1L“ е заслужна јапонската фирма Киоцера. Веќе од ноември, оваа година можете да го купите за 32.000 јени, или тоа е околу 300 американски долари.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com