Нов „лек“ кој ќе ви помогне многу лесно да се откажете од пушење

0

“Епидемијата на пушење” за една година одзема живот на пет до шест милиони луѓе ширум светот. Токму поради тоа, многу научници, веќе долги години работат на создавање нови терапии кои им помагаат на луѓето да се откажат од оваа лоша навика.
Иновативно решение беше презентирано од страна на тим истражувачи од Институтот за научно истражување во Скрипс. Во 2015 година, група научници од овој институт пронајдоа природен ензим наречен „NicA2“. Ензимот се произведува од бактерии од видот „Pseudomonas putida“ кои живеат во почвата на тутунските полиња.
Експериментите покажаа дека, овој ензим може да го уништи никотинот. Оттогаш, истражувачите работеле на оптимизирање на својствата на ензимот, се со цел понатаму да го искористат за уништување на никотинот во крвотокот на човекот, пред тој да стигне до мозокот.
Како резултат на тоа, научниците создадоа подобрена верзија на ензимот и ја нарекоа „NicA2-J1“. Тој го лови штетното соединение за човекот и брзо го уништува, а исто така во споредба со својот природен „колега“ останува подолго во крвта.
Главниот автор на ова ново откритие, Оливие Џорџ објаснува дека уникалниот ефект на „NicA2-J1“ е тоа што го уништува најголемиот дел од никотинот во крвта за да ја ослабне зависноста, но се уште има доволно никотин во раните фази, за да се спречи силен синдром на никотинско повлекување.
Ако клиничките испитувања ја потврдат ефективноста на новиот лек и отсуството на несакани ефекти, експертите ќе почнат да создаваат фармацевтски производ, кој ќе помогне да се спасат многу животи и да се подобри здравјето на милиони луѓе низ светот.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com