Новиот албум на Тоше ќе биде промовиран на 2 ноември

0

Меѓународната фондација „Тодор Проески“ го најавува за 2 ноември големиот хуманитарен концерт посветен на Тоше Проески, со учество на македонски музички ѕвезди како и реномирани гости од странство.
Концертот е закажан со почеток во 20 часот, а ќе се одржи во ВИП Арената
Засега се потврдени настапите на Каролина Гочева, Тамара Тодевска и Тијана Дапчевиќ од македонските, а од гостинските имиња најавени се: Владо Калембер, Јелена Томашевиќ, групата “Фрајле“, Бојан Маровиќ, Сергеј Четковиќ, Борис Новковиќ и Ања Рупел.
Организаторите како посебно значаен момент го најавуваат промовирањето на албум со нови, до сега необјавени песни од Тоше Проески. Албумот е со наслов “Secret place” и на него се наоѓаат седум нови песни на англиски јазик како и три преработки на познати хитови.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com