Новинарот РТ Франција доби куршум на Елисејските полиња

0

На Елисејските полиња, полицијата почна да ги растерува демонстрантите, користејќи солзавец. Водителот на емисија во живо на РТ Франција, Лук Легер, беше повреден, најверојатно погоден од гумен куршум.

Нему му била укажана помош веднаш, објави на Твитер шефицата на ТВ-каналот РТ Франција, Ксенија Федорова.

Бројот на притворени се зголеми на 107, а 20 лица беа повредени, јавуваат агенциите.

Во близина на Триумфалната армија, демонстрантите се судрија со полицијата. Демонстрантите се обиделе да го пробијат контролниот пункт на влезот во протестната зона.

Седум метро станици се затворени. На демонстрациите се ангажирани околу шест илјади полицајци и жандарми, а од другата страна, протестанти се околу 5,5 илјади, јавува Tass.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com