Ни во „Гугл“ не е се идеално

0

Компанијата „Гугл“ е позната по најдобрата работна средина што ја нуди и многу луѓе низ светот сонуваат да се вработат во неа. Но сепак, не е се прекрасно како што нас ни изгледа. Персоналот на компанијата „Гугл“ од целиот свет ги напушти своите работни места како знак на протест, поради начинот на кој компанијата се однесува кон жените.
Извршниот директор на компанијата „Гугл“ – Сундар Пичаи, изјави: „Јас ги разбирам вашите емоции што ги чувствувате во моментов . И јас го чувствувам истото и ветувам дека ние ќе направиме се, за да го решиме овој проблем, кој што е многу долго присутен во нашето општество и тука, во Гугл”.
Гневот во компанијата достигна точка на вриење, кога минатата недела еден од вработените доби парична награда од 90 милиони американски долари, иако пред тоа беше обвинет за сексуално вознемирување. Се работи за еден од главните директори на компанијата „Гугл“и „креатор“ на оперативниот систем „Андроид“- Енди Рубин. Тој пред пет години, во 2013 година бил пријавен од страна на вработена жена од компанијата „Гугл“ за сексуално малтретирање и принудување на орален секс.

Но, факт е дека Google отпушти дури 48 вработени како резултат на сексуален напад. По напуштањето на компанијата, 48 од нив не добија отплата.
Дали овој протест ќе ја намали половата дискриминација и ќе ги зголеми правата на жените во оваа компанија?

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com