Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Нинџа и уште четворица обвинети дефинтивно остануваат без амнестија

0

 

Апелација пресече, нема амнестија за 5-мина обвинети за 27- ми кои не добија, а се жалеа на одлуката на кривичниот совет. Решенијата се пишуваат, а треба да им се врачат на Никола Митревски Кољо, Младен Додевски, Оливер Поповски, Горанчо Ангелов и Александар Васиелвски Нинџа. Горан Ѓошевски Леви ќе почека одлука, бидејќи кривичниот суд во неговото решение навела име на друг обвинет. На денешната јавна седница Алекснадар Василевски Нинџа ја искористи можноста и на тројцата судии  им објасни дека поседува докази од неговите повици пред и на 27 април дека не организирал ниту се јавувал на други лица да дојдат во собранието. Не влегол ниту самиот, а не удрил пратеник или полицаец. И тој и адвокатот упатија критика на првичната одлука на кривичниот суд дека не ја почитувал пресумпцијата на невиност, ниту одредбите на законот за аменстија.

Нинџа останува во притвор, така одлучила апелација и по неговата жалба и барањето тој да заложи имот вреден 830 илјади евра како гаранција, и од Шутка да оди во домашен притвор. Неговото место во судницата го зазема Горанче Ангелов Ќосето. Иако рече дека жали за настанот, сепак и за него апелација експресно пресече дека судот правилно одлучил кога не му ја прифатиле амнестијата.

Одлуките на апелација се конечни а право на жалба имаат само обвинетите не и обвинителството. Од вкупно 33 амнестирани беа петнаесетмина, 13 добија негативни мислења а петмина не ни побараа амнестија.

Share.

About Author

Остави коментар

Powered by themekiller.com