Ник Џонас и Пријанка Чопра прават свадба од пет дена

0

26-годишниот Ник Џонас и 36-годишната Пријанка Чопра официјално станаа маж и жена. Свадбата се одвива пет дена, во Индија , од каде што потекнува Пријанка. Местото каде што се одржува церемонијата е едно од најлуксузните приватни резиденции во светот – палатата Умајд Бхаван во Џодпур, во која што еден ден е 60 илјади американски долари.

На свадбата присуствуваа само роднини и пријатели. Браќата на Ник, Џо и Кевин, со нивните сакани, Софи Тернер и Даниел Џонас, како и индискиот премиер Нарендра Моди. Прославата започна на 29 ноември, а ќе трае се до 3 декември.

Патем, на гостите им е забрането да користат мобилни телефони и првите фотографии од церемонијата беа објавенија од страна на младенците, а тие се облечени во традиционална индиска облека.

Според западните медиуми, Ник и Пријанка ќе менуваат повеќе стилови. Еден од најспектакуларниот треба да биде свадбениот фустан на невестата и костумот на младоженецот од брендот Ралф Лорен.

Да се потсетиме, Ник и Пријанка се верија во август 2018 година. Пејачот ја запроси својата сакана на романтично патување во Лондон. Тие се познаваат веќе многу години, но се заљубиле во мај оваа година.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com