Никол Шерцингер сe чувствува како да има 27 години

0

Таа призна дека сака да биде во најдобра форма на нејзиниот живот откако наполни 40 години.

Никол Шерцингер докажа дека не се плаши да се испоти во салата за да ја одржи својата сензационална фигура, а додека влегуваше во секси тренинг опремата ја сподели мотивациската порака со фановите на Инстаграм:

„Среќна сабота на сите! Никогаш не заборавај кој си! Никогаш не е предоцна да се биде кој сакаш да бидеш. Тоа е во вас.“

Пејачката го надополни својот фитнес стил со хеланки со висок струк, кои ги искомбинира со удобни црни патики за вежбање. Никол се појави без шминка и ја покажа нејзината природна убавина. Таа често е гледана како вежба и отворено зборува за нејзината страст за останување во форма и одржување на здрав животен стил.

Ѕвездата го прослави својот роденден во јуни, но неодамна призна дека не се чувствува ни блиску до нејзината возраст. Таа рече: „О Боже, не можам ни да помислам за тој број, дури не можам да го изговорам. Се уште се чувствувам како да имам 27 години, така што тој број изгледа луд. И не е ДОБРО луд! Тоа е причината поради која работев толку тешко за да бидам во форма“.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com