Николас Кејџ во барањето за развод по само четири дена од бракот: Бев премногу пијан

0

Во своето барање за поништување на бракот, кој траеше само четири дена, холивудскиот актер Николас Кејџ, тврди дека бил премногу пијан кога се согласил да се жени со Ерика Коике, судејќи по документите од судот. Коике, наводно сега бара пари од него.

Глумецот во барањето вели дека немал можност да размисли за своите дела, кога стапил во брак со помалку познатата актерка, дека не бил способен до таа мера да се согласи на брак, пренесе „Јуес Викли“, цитирајќи ги документите од судот.

„Пред добивање на дозволата за венчаница и учество во церемонијата на венчавката, пиеле многу и се опијаниле“ се наведува во судските документи, во кои се додава дека Кејџ, поради алкохолизираната состојба, кога таа сугерирала да се венчаат, тој импулсивно реагирал без способност за препознавање или разбирање на своите постапки.

Педесетипетгодишниот актер навел дека Коике не ја открила целосната природа и опсегот на нејзиниот однос со друга личност, како и целосната природа и опсег на нејзиното криминално минато, кое наводно, вклучува дополнителни активни кривични постапки. Во судот, Кејџ направил сцени, а „Дејли Мејл“ успеал да направи видео снимка од инцидентот.

Првиот брак на Николас Кејџ траеше шест години, од 1995 до 2001 година, вториот брак со ќерката на Елвис Присли, Лиса Мари, во 2002 година, траеше само 107 дена. Штом официјално се развел, Кејџ повторно се оженил. Неговиот трет брак е со Алис Ким, кој траеше најдолго, дури 14 години и со неа имаат син, Кал-Ел. Кејџ има и син со поранешната девојка, актерката Кристина Фултон.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com