Нивото на морињата до 2100 ќе се зголеми за два метри, Лондон и Њујорк се во опасност

0

 

 

Научниците сметаат дека поради глобалното загревање, односно забрзаното топење на мразор на Гренланд и Арктикот, нивото на морињата би можело да се зголеми многу повеќе отколку што тоа се претпоставуваше, пишува БиБиСи.

Имено, досега се веруваше дека до 2100 годниа нивото на морињата би можело да се зголеми за еден метар, но според најновата студија, вистинското ниво би можело да порасне за дури два метри.

Според најновата проценка, ако ефектите на стаклена градина не се намалат, нивото на светското море многу веројатно дека ќе порасне за 62 до 238 сантиметри во наредните 80 години. Порастот на светското море за околу два метри би имало катастрофални последици за нашата планета.

Научниците пресметале дека во тој случај на светот би исчезнале 1,79 милиони квадратни километри од населена површина, што е еднакво на Либија. Поголем дел од тоа земјиште би се наоѓало во важни области за одгледување на храна, како што е на пример делтата на Нил.

Загрозени би биле поголеми градови кои се наоѓаат покрај мориња како Лондон, Њујорк и Шангај.

Авторите на студијата нагласуваат дека се уште има време да се избегне ваквото застрашувачко сценари, особено ако во наредните децении значително се намалат ефектите на стаклена градина.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com