„Неотпакувани“ примероци на БМВ 5 од 1994 пронајдени во складиште

0

Вкупно 11, никогаш претходно возени, примероци на моделот БМВ 5 од 1994 година беа пронајдени неодамна во бугарско складиште. Сите автомобили се произведени во 1994 година, но никогаш не се регистрирани за градска употреба.

Складиштето во кое беа пронајдени се наоѓа во Благоевград, а се работи за десет седани и еден караван. Повеќето од нив се од моделот 520, но има неколку примероци и од помоќниот модел 525. Изворите тврдат дека тие биле купени за да бидат изнајмувани како рент-а-кар возила, но бидејќи не биле регистрирани, никогаш и не биле запалени.

Фотографиите ја покажуваат моменталната состојба на возилата и таа однадвор не е целосно идеална, но одвнатре автомобилите се нови, исти како да се денеска излезени од фабрика. Нивната продажба ќе започне веќе во следните месеци, а почетната цена би требало да изнесува околу 15.000 евра.

Share.

About Author

Остави коментар

Skip to toolbar

Powered by themekiller.com